Мени

Се запалил објект во касарната „Карпош“

02.06.2016 12:07 | KumanovoNews

Вчера во 15.50 часот се запалил објект во кругот на касарната „Х.Т.Карпош“ во населбата Бедиње.

Се запалил објект во касарната „Карпош“

 Екипа од ТППЕ-Куманово, го локализирала пожарот. Повредени лица нема, причинета е само материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.