Шеќеринска во обиколка на Куманово
03.11.2015 15:57
| KumanovoNews
Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска денеска е во обиколка на Куманово.

Во текот на денот таа се сретна со пазарџиите на Зелениот пазар, а потоа прошета и на Градскиот плоштад, каде ги слушна н ивните проблеми.
Шеќеринска оствари средба и со младите од Куманово, а во текот на денот ќе се сретне и со армиските и полициските ветерани.
Вечерва во 19 часот во МКЦ, потпретседателката ќе учествува на дебата за тоа како да се подобри животот на младите во земјава.