×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СЕММ апелира на одговорно известување за изборите

    21.11.2016 16:34 | KumanovoNews

    Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.

    СЕММ апелира на одговорно известување за изборите

    „Медиумите не треба да дозволат да бидат манипулирани од страна на политичарите и другите актери во изборниот политички процес, бидејќи тоа значи директна штета врз јавноста и граѓаните на Република Македонија. Повеќе од кога и да е, постои потреба од урамнотежено и  коректно известување со цел на јавноста да и’ се овозможи да го разбере и да учествува во политичкиот процес. Очекуваме од медиумите да не поттикнуваат разлики и поделеност меѓу луѓето, туку да бидат посредник и платформа за активен дијалог, а во тоа да се предводат од принципите на професионално известување,- соопштуваат од Советот за етика.

    Од советот ги повикуваат медиумите доследно да ја почитуваат Повелбата за етичко известување за изборите, која е потпишана од најголем дел од медиумите во државата уште во февруари годинава, но која во пракса не беше доследно почитувана. Истото е нотирано и во овогодинешниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на РМ, во кој, меѓу другото, силно се истакнува потребата од развивање култура на професионална етика во медиумите.

    Од СЕММ уште еднаш потсетуваат и повикуваат на доследно  почитување на принципите на Повелбата за етичко известување за изборите: вистинитост и објективност, избалансираност, јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите, чесност и независност, професионална солидарност меѓу медиумите, уредувачка независност и професионален интегритет, почит и толерантност, слобода и одговорност.