×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Синоќешното невреме го одмина Куманово попладне се очекува пороен дожд

    07.08.2016 10:08 | KumanovoNews

    Силното невреме што синоќа го зафати Скопје, а имаше најава дека ќе се прошири кон северниот дел на земјата го одмина Куманово.

    Синоќешното невреме го одмина Куманово попладне се очекува пороен дожд

    Освен силни електрични празнења и ситен дож со засилен ветер, немаше пообилни врнежи. Според Управата за хидрометоролошки работи во изминатите 24 часа во Куманово наврна 1 литар на метар квадратен дожд, најмалку во државата. Во Скопје паднале дури 93 литри на квадратен метар.

    Денес нашето подрачје ќе остане под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови повторно ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локално ќе бидат поројни и проследени со  грмежи. Најпрво ќе бидат зафатени западните делови а потоа кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.

    Повремени врнежи ќе продолжат и преку ноќта.

    Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

    Во Скопската котлина времето ќе биде променливо а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

    Од синоќешното невреме во скопскиот регион 15 лица загинаа а 6 се водат како исчезнати.