Слики од кумановската колонија на изложба во Париз
Во амбасадата на Република Македонија во Париз, во четврток ќе биде отворена ретроспективната изложба на слики од Ликовната колонија Куманово.

На изложбата ќе бидат претставени дваесетина слики на познати ликовни уметници од земјава и странство. Меѓу нив се: Ана Темкова, Зоран Јакимовски, Димитар Манев, Веле Ташковски, Рубенс Корубин и др.
Ликовната колонија „Куманово“ започнала да се одржува во 1974 година во Прохор Пчињски, па се преселила во Манастирот во Матејче додека последниве десетина година се одржува во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. За 40 години на колонијата учествувале уметници од над 500 држави од сите континенти кои оставиле преку 1.000 дела.