Со 275.000 евра ќе се реконструира задружeн дом во Младо Нагоричане
Со европски пари ќе се реновира поранешниот задружен дом во селото Младо Нагоричане.

Грантот за реконструкција и преадаптација на овој објект во информативен центар, општината Старо Нагоричане го доби преку проект за меѓугранична соработка со бугарската општина Рила. Проектот изнесува 500.000 евра, од кои 275.00 ќе добие општина Страо Нагоричене, а останатите се за партнерската општина.
Задружниот дом во Младо Нагоричане ќе го претвориме во туристичко -информативен центар. Пред да потпишеме договор ќе дојде делегација од ЕУ и Бугарија, така што мислам дека на есен ќе почне и со градежни работи што се однесува до овој голем објект, - изјави Милован Стојковски, градоначалник на општина Старо Нагоричане.
Во општината Старо Нагоричане живеат 4.840 жители, од кои околу 20 проценти се од српска националност.