Со метална шипка скршил џип па нападнал полицаец
05.12.2016 13:25
| KumanovoNews
Насилството се случило синоќа во околу 19 часот пред продавницата во селото Ранковце.

С.В.(33) с.Радибуш, со метална шипка да удира по ПМВ „Лада Нива“ сопственост на Д.И.(27) од селото Ранкове, поради предходно недоразбирање и физичка пресметка. Притоа го искршил предното ветробранско стакло и направил надворешни оштетувања на возилото.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и издале наредба насилникот да престане да удира по возилото, но С.В. замавнал по полицискискиот службеник. Полицајците успеале да го спречат во намерата и истиот бил лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.