„Сонце и дожд„ на струмичкиот карневал
Кумановските средношколци ги освоијаа симпатиите на посетителите на каренвалот што викендов се одржа во Струмица.

Тие се преставија со маската „Сонце и дожд„ која беше доста креативна. Одлично изработена од текстил и декоративни елементи и со музичко сценскито настап, средношколците ја пренесоа пораката за климатските промени и да не се уништува атмосферата.
На карневалот учествуваа педесетина ученици од четирите средни ученици од градот: гимназијата, техничкото, економското и земјоделското училиште. Тие учествуваат традиционално на каренвалот последните 5-6 години, а наспатија на главната вечер во сабота. Минатите две години кумановските средношколци за своите маски добија и награди.