×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Соња Тодоровска нова директорка на гимназијата „Гоце Делчев„

    05.04.2017 07:21 | KumanovoNews

    Соња Тодоровска е новата в.д. директорка на гимназијата „Гоце Делчев“, откако вчера од функцијата беше разрешен досегашниот директор Горан Димитриевиќ, поради скандалот со разголените фотографии објавени на социјалните мрежи.

    Соња Тодоровска нова директорка на гимназијата „Гоце Делчев„

    Тодоровска е професор по македонски јазик и литература и три години заменик директор во училиштето, а ќе ја води институцијата до објавувањето на конкурс за избор на нов директор.

    „Ветувам дека ќе го употребам целокупното мое знаење како наставник и како помошник директор во гимназијата, стекнато до сега во успешно раководење во училиштето, затоа што гимназија „Гоце Делчев“ е најдоброто училиште во градот и меѓу најдобрите гимназии во дражавата и само така треба да продолжи. Ќе се трудам што поуспешно да раководам со училиштето и ќе чекориме по патот на успесите и резултатите на нашите ученици  – изјави Тодоровска.

    Новата директорка вчера беше промовирана во кабинетот на градоначалникот Зоран Дамјановски, кој и посака многу успех на новата функција и вети подршка од општината Куманово.