Сопругот на починатата родилка тврди дека таа била здрава
Слаѓана Демировска (37) од Крива Паланка, родилката што вчера почина во Кумановската болница, на гинеколошкото одделние била донесена во 3 часот наутро.
Нејзиниот невенчан сопруг, Елвис Јусуфов (46), денеска ракажува дека околу 11 часот лекарите му соопштиле дека родила син, а потоа започнала драмата по болничките ходници.
“ Докторот на шалтерот ми кажа дека Слаѓана се породила со царски рез, но дека сеуште не се освестила и се наоѓа во салата. Јас чекав во ходникот да ја донесат и да ја видам. Поминаа неколку часа а никој не ми кажуваше што се случува. Околу 17 часот, ми ги дадоа нејзините алишта и книшката и ми рекоа дека им е жал, но неможеле да ја спасат, - раскажува и плаче Елвис.
Лекарот кој предходно тврдел дека породувањето поминало добро, му соопштил дека родилката била пратена за Скопје, бидејќи имала проблеми со дишењето.
Телото на жената е предадено на обдукци, по што ќе се знае причината за смртта.
Елвис сега незнае што ќе прави со бебето, бидејќи неможе самиот да се грижи за него.
Тоа ми е прво дете, но немам услови да земем да го чувам. Кој ќе биде со него кога јас ќе одам на работа. Немам роднини кои можат да ми помогнат, - вели Елвис.
Тој најавува дека целата работа ќе ја тера на суд, за да ја задоволи правдата.
Слаѓана од предходниот брак имала 3 деца кои живеeле заедно со нив, а ова и било прво со невенчаниот сопруг. Немала никакви проблеми во бременост и редовно одела на контроли.
Елвис работи како градежен работник во паланечка фирма и живее под кирија. Слаѓана мечтаела кога ќе се роди бебето да започнат да градат своја дом.