×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сослушани сведоците на Oбвинителството во случајот Шипоња

    30.09.2016 11:17 | KumanovoNews

     Тројца сведоци на Oбвинителството беа сослушани вчера во Основниот суд Куманово на судењето против Бајрам Лимани од селото Лојане и Амир Љатифи од Куманово, обвинети за убиството на Џемаил Реџепи (45) командант Шипоња.

    Сослушани сведоците на Oбвинителството во случајот Шипоња

    Сите тројца се очевидци на крвавата пресметка, која се случила во угостителски објект во кумановската населба Бедиње, а двајца од нив се оштетени. Со тоа се сослушани сите 7 сведоци на Обвинителството, а на наредното рочиште кое е закажано за средина октомври за повредите на оштетените ќе се изјаснат две вешти лица.

    Додека траше судењето пред Кумановскиот суд беа роднини на убиените, кои бараат случајот да го преземе Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

    „Судењето е оркестрирано. Убијците се пуштени на домашен притвор што нема никаква логика.Мислам дека и крајот на судењето ќе биде нелогичен. Судењето нема да биде фер. Знаеме какво ни е судството и затоа инсистираме, бидејќи не му веруваме на овој суд кој е партински орган, овој предмет да го преземе Специјалното јавно обвинителство„, - вели Љузим Алити, роднина на Џемаил Реџепи, кој бил сведок во случајот.

    Бајрам Лимани и  Амир Љатифи, обвинети се за убиство и убиство во обид, бидејќи на 23 јули минатата година го убиле Шипоња, а раниле уште две лица по расправија во угостителски објект. Додека Лимани седел со своите пријатели пристигнала осумчлена група на Шипоња. Меѓу сопартијците настанала расправија која прераснала во физичка пресметка, по што било употребено оружје. Повредите на Шипоња биле фатални, а двајцата поминале со полесни повреди.