Состојбата со кучињата скитници во градот алармантна, обвинува Левица
Локалниот огранок на Левица во Куманово, апелира до локалната власт да преземе итни мерки за решавање на проблемот со кучињата – скитници во градот.
„Движењето на граѓаните низ градот, посебно во вечерните часови стана крајно небезбедно. Покрај лизгавите улици и тротоари, се поголема е опасноста од напад на кучињата – скитници, кои поради ниските температури се изгладнети и агресивни. Левица Куманово бара општината, согласно со законите и во консултација со организациите за заштита на правата на животните, да изготви програма за ефикасно решавање на проблемот со бездомните животни“, -соопштуваат од партијата.
Истовремено Левица бара, буџетските пари на Општина Куманово, да се трошат разумно и рационално во корист на граѓаните и за решавање на реалните проблеми со коишто се соочуваме.