×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советници од БИХ во посета на колегите од Куманово

    03.11.2015 16:08 | KumanovoNews

    Советници од БИХ и претставници на ОБСЕ од БИХ денеска се сретнаа со дел од советниците од Советот на општина Куманово.

    Советници од БИХ во посета на колегите од Куманово

    Се разговараше за соработката со ЗЕЛС, за начинот на кој фунцкионира Советот, а советниците имаа можност да споделат свои искуства.

    Морам да констатирам дека сме далеку од нивната замисла, далеку од нивните искуства, Во континуитет не само во рамките на локалните самоуправи туку и генерално во државата. Извршната власт удира по законодавната власт и тоа е случај не само во Република Македонија, туку и во најголем дел од единиците на локалната самоуправа. Ќе мора уште многу да се работи  на полето на реално спроведување на посредничката демократија, претставувана низ форма на советниците во законодавниот дом на општините. Тоа значи дека гласот на советниците ќе мора соодветно да биде третиран - изјави претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

    Беше кажано дека во Советот на општина Куманово, советниците на помалите етнички заедници можат да зборуваат на својот мајчин јазик.

    Претставник на Советот од Зеница кажа дека кај нив од 31 советник, едно место е резервирано за припадник на ромската заедница без разлика на бројот на освоени гласови.

    Гостите од БИХ денеска го посетија и Советот на општина Кисела Вода  во Скопје.