×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците бараат решавање на сообраќајниот хаос

    09.03.2016 11:47 | KumanovoNews

    Советниците денеска побараа од командирот на полициската станица од општа надлежност во СВР Куманово, Игор Митевски да се реши сообраќајниот хаос во градот.

    Советниците бараат решавање на сообраќајниот хаос

    Според нив неправилното паркирање, неприлагодената брзина, необелените пешачките премини, се само дел од проблемите кои што треба што поскоро да се решат.  

    Претседателот Максим Димитриевски, упати критики за однесување на дел на униформираните полицајци, кои ги кршат сообраќајните правила.

    „Наместо да бидат пример на граѓаните тие се движат во спротивна насока во улиците, се паркираат со службените возила на јавни површини. Во Кумановската полиција владее анархија, но има и професионалци. Градот е во сообраќаен хаос кој никој не го решава.  Загрозена е безбедноста на граѓаните. Треба да се дисциплинираат возачите, и да се делува репресивно а не само превентивно“, - рече Димитриевски.

    Тој предлага акција со ЈП Паркинг за отстранување на неправилно паркираните возила.