×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата

    17.02.2016 10:49 | KumanovoNews

     Советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата откако градоначалникот Зоран Дамјановски повеќе од половина час одговараше на поставеното прашање на советникот  Максим Димитриевски за постапката за организирањето на училишниот превоз во градот.

    Советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата

    Координаторот на советничката група Драган Петковски образложи дека тие ќе ја напуштата седницата, бидејќи  градоначалникот ја користи за сопствен маркетинг.

    „ Нашата советничка група одлучи да ја напушти седницата затоа што градоначалникот ја користи седницата за сопствен маркетинг за нарачани прашања.  Своите прашања ќе гоставиме до службите во писмена форма, а нашата одлука ќе ја образложиме на прес-конференција„, - рече Петковски.

    Откако ја соопштија одлука советниците си заминаа од салата.

    Градоначалникот Дамјановски искоментира дека не е првпат советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да  напуштаат седница, иако општината Куманово е единствена во државата каде градоначалникот и локалната администрација одговара на прашања на советниците. 

    Откако беше утврдено дека  има кворум, седницата за советнички прашања продолжи без опозицијата.