×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Да му го вратиме сјајот на Куманово

    23.11.2016 10:33 | KumanovoNews

    Генералниот секретар на СДСМ и носител на листата во втората изборна единица Оливер Спасовски, побара мандат од граѓаните за развој на Куманово.

    Спасовски: Да му го вратиме сјајот на Куманово

     „Јас и сите овие кандидати што стојат зад мене бараме мандат да се избориме за Куманово, да му го вратиме сјајот на Куманово. Да донесеме пари од буџетот на државата во Куманово. Да донесеме многу работни места за обесправените млади кумановци. Затоа ја бараме подршката од граѓаните, да направиме историска победа и да се одолжиме на сите граѓани на општината Куманово. Да покажеме дека Куманово е срцето на Македонија, таму каде што се создала Македонија. Куманово мора да го развиваме. Затоа ве повикам сите заедно и да се сплотиме, да се соединиме да ја направиме Македонија каква што ја посакауваме. Да се спротивставиме на поделбите и на инаети, - рече  Спасовски во синоќешното обраќање пред граѓаните кај Мај маркет.

     Коалицијата на СДСМ вечерва во 19.30 часот ќе одржи Конвенција за претставување на кандидатите во Втората изборна едница во Центарот за култура.