×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Специјалци упаднаа во домот на началникот на кумановската полиција

    13.12.2016 21:04 | KumanovoNews

     Напнато е вечерва во Куманово откако специјалци влегоа во домот на началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ.

    Специјалци упаднаа во домот на началникот на кумановската полиција

    Стотина граѓани симпатизери на СДСМ протестираат во Куманово пред неговата семејна куќа. Тие се сомневаат дека власта врши политички притисок затоа што опозицијата таму победила на изборите во неделата.

    Специјалците влегле кај началникот со судски налог за претрес за наводни изборни нерегуларости.

    Самиот Величковиќ излезе од куќата, се качи на полициското возило и на насобраните граѓани им рече дека ова е масло на директорот за јавна безбедност Митко Чавков и обвинителот Марко Зврлевски. Тој ги замоли граѓаните што протестираат да си заминат затоа што полицијата му ветила дека нема да го приведе туку само ќе ги земе потребните документи.

    Откако граѓаните се тргнаа полицијата си замина.