Среда неработна поради Ден на дрвото
28.11.2016 16:18
| KumanovoNews
Поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина", задутре,(30 ноември) е неработен ден за граѓаните, освен за вработените во здравствените институции, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

На денот на акцијата градинките ќе работат со вообичаено работно време.
Од МТСП информираат дека датумот за одработување дополнително ќе се определи.