×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците го блокираа влезот на Куманово

    23.09.2016 13:56 | KumanovoNews

    Стечајните работници од Куманово денеска два часа го блокираа сообраќајот на влезот и излезот на Куманово.

    Стечајците го блокираа влезот на Куманово

    Тие побраа од владата да најде решение за нивниот проблем и од буџетот што ќе го донесе за наредната година да предвиди пари за нивно обештетување.

     „ Од 3 милијарди евра колку ќе изнесува буџетот можат да се најдат пари и за 4000 стечајни работници. Ако тоа не го сторат тоа е многу безобразно од нивна страна. Ние сме една капка во морето, да ни се излезе во пресрет да не одиме повеќе по улиците. Ова е категорија на луѓе што ја создаваше оваа држава, а сега е оставена на немилост. Го подигнеме својот глас бидејќи сме заборавени од сите, власта, опозицијата, политичките партии и невладините организации, повеќе никој не се сеќава на стечајците кои беа ударници да се дигне гласот против овој режим, - вели Љиљана Георгиевска, претседателка на УНИТ.

    Стечајците бараат паричен надоместок од 6000 денари до повторно вработување или пензионирање.  Тие најавуваат протести секој понеделник, а доколку не се прифати барањето нивен следен чекор е радикализација на протестите и отпочнување на граѓанска непослушност.

    Во Куманово има над 1000 стечајни работници.