Стечајците утре на протест пред ССМ
Стечајните работници од здружението УНИТ од Куманово и нивните колеги од останатите градови, утре ќе организираат протест пред неколку државни институции во Скопје.

Според претседателката Љиљана Георгиевска, собирот во 10 часот ќе биде пред ССМ, а во 12 часот пред Владата.
„На протестот ќе побараме оставка од претседателот Живко Митревски, бидејќи ја немаме негова подршка. Бараме да се реши нашиот статус и парично да бидеме обештетени. Секој што протестираше во државата доби по нешто, војниците, судската полиција, службениците, а само за нас нема ништо. Ние како да сме трн во око на Груевски. За три години умреа 1642 наши колеги, а над 1200 се инвалидизирани. Затоа сме многу огорчени и ќе протстираме па макар засекогаш останале пред институциите,- вели Георгиевска.
Таа најавува дека околу 600 стечајци ќе ги блокираат крстосниците на главните улици пред Собранието и Владата и таму ќе останат цел ден.
Во Македонија има околу 4000 стечајни работници.