×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Студентски визии за урбанистички развој на Куманово

    03.02.2017 14:29 | KumanovoNews

    Студенти и професори од Архитектонскиот факултет во Скопје, ќе одржат презентација на визии и идеи за урбанистички развој на Куманово во периодот од 2017-2027 година.

    Студентски визии за урбанистички развој на Куманово

    Се работи за задача која студентите ја добиле по предметот Уранистичко обликување 2, со идеа на поставување основи на стратешко планирање, односно креирање визии, изработување стратегии и проекти за современ одржлив град.

    „Студентите на овој начин ќе го полагаат својот испит пред професорите и ќе ги презентираат своите трудови како го гледаат Куманово. Ние немаме обврска да прифатиме било која идеја, но доколку има интересни предлози можат да бидат искористени во урбанистичкиот развој на градот, - изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител во Секторот за урбанизам во Општина Куманово.

    Таа вели соработката е воспоставена откако на Архитектонскиот факултет одлучиле Куманово да биде опсервирано, а пред 3 месеци студентите го посетиле градот.  

    Презентацијата ќе се одржи во понеделник (6 февруари), со почеток во 10 часот, во просториите на Зградата на Комитет во Куманово.

     Организатор на настанот е Архитектонскиот Факултет од Скопје, УКИМ, заедно со Општина Куманово, Тајфа Архитекти ДООЕЛ и Простор ДОО.