Шуга и сипаници фатиле бегалците на Табановце
16.03.2016 09:01
| KumanovoNews
По неколку случеи на шуга и сипаници се откриени кај бегалците во транзитниот центар Табановце.
Регионалниот центар за управување со кризи информира дека Центарот за јавно здравје Куманово потврдил дека има појава на шуга и сипаници на Табановце, по што екипите на Црвениот Крст обезбедиле шампон и гелови за заболените.
Во прифатниот центар има 1100 бегалци, а на граничната линија 335 лица од Сирија и Ирак.