×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР и УЈП во контрола на кафулиња и обложувалници

    04.03.2016 10:45 | KumanovoNews

    Во саботата полициските службеници од Кумановската полиција со инспектори од Државен инспекторат при Управата за јавни приходи, извршиле контрола во кафе бар, Спортска обложувалница и автомат клуб во Куманово.

    СВР и УЈП во контрола на кафулиња и обложувалници

    При тоа во кафе барот било затекнато лице државјанин  на САД кој што немало регулиран престој во Република Македонија. Истиот е приведен во СВР Куманово и за понатамошна постапка предаден на дежурен инспектор по странци. Легитимирани се вкупно 11 лица и од страна на инспекциските служби не се констатирани недостатоци, информираат од МВР.

    Во спортската обложувалница на едно лице изречена му е глоба за прекршок по основа на Закон за лични карти.

    Едно лице добило глоба за прекршок по основ на Закон за заштита од пушење а од страна на Државен пазарен инспекторат составен е Записник и издадена е глоба од 2,000 – 4,000 еур на правно лице  по Закон за заштита од пушење.

    Од УЈП по извршена контрола составен е Записник и се констатирани прекршоци казниви по член 157 став 1 точка 10 , 13 и 15 од закон за игри на среќа и при тоа е издадена глоба во висина од 15,000 еур (3 х 5,000 еур) како и глоба во висина од 30% на Одговорно лице во правно лице ; констатирано е дека двата компјутери кои што се користат во обложувалницата немаат лиценциран софтвер на „Windows“  при што истите се одзмени и против правното лице и управителот на правното лицеТ.К. (46 години) од Кочани поднесена е кривична пријава за сторено КД „Повреда на право од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ .

     Од извршена контрола во автомат клуб на 4 лица изрекнати им се глоби за прекршок по основ на Закон за лични карти; на 4 лица  изрекнати им се глоби за прекршок по основ на Закон за заштита од пушење а од страна на Државен пазарен инспекторат составен е Записник и издадена е глоба од 2,000 – 4,000 еур на правно лице од Закон за заштита од пушење; од страна УЈП по извршена контрола не се констатирани недостатоци,  а констатирано дека од 3 компјутери кои што се користат во автомат клубот 1 има а за 2 компјутера во моментот неможе да се утврди дали поседуваат лиценциран софтвер на „Windows“ за што со писмено известување ќе биде известено ОЈО Куманово,- стои во соопштението на СВР Куманово.