×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Табановчани го блокираа патот во селото

    10.06.2016 09:24 | KumanovoNews

    Жителите на селото Табановце, вчера четири часа го блокираа локалниот пат кој што води кон бегалскиот камп, барајќи да им се асфалтира пат во селото.

    Табановчани го блокираа патот во селото

      Тие обвинуваат дека автомобили и камиони, секојдневно го уништуваат единствениот асфалтен пат во селото, а никој не сака да им помогне да се асфалтира пристапен пат од 1.3 километри, кој поврзува друг дел од селото.

    „Ние бараме од организациите во кампот да ни се направи асфалтен пат во најскоро време, инаку патот ќе бие блокиран додека не биде склучен тој договор,- изјави Тони Петровиќ, претседател на МЗ Табановце.

    Жителите на Табановце се жалат дека патот е оштетен, бидејќи возилата се движат брзо, а при тоа се крева прашина кој завршува во нивите и куќите.

    Раководителот на транзитниот центар Табановце, Горан Стојановски,  вели дека е изготвена техничка документација за асфалтирање на патот и за ревитализација на водоводната мрежа, и се бара финансиер.