Татко вчера пријавил дека ќерка му исчезнала пред 9 месеци
29.12.2016 15:31
| KumanovoNews
Н.И.(47) од липковското село Ропаљце, пријавил дека неговата седумнаесет годишна ќерка на 17. март годинава отишла на училиште и повеќе не се вратила.

Toj повеќе пати преку мобилен телефон се обидел да стапи во контакт со ќерката, но безуспешно. По 9 месеци, вчера во 00.20 часот го пријавил случајот во СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.