Тепачка во казино во Куманово
28.01.2017 12:46
| KumanovoNews
Се степале гости и обезбедување во казино во Куманово.

Тепачката се случила синоќа во 21.50 часот во време на примо-предавање на смената, па вработените не биле во можност да издаваат жетони. Поради тоа две непознати лица почнале да викаат и да ги навредуваат со пцовки. Од страна на Д.С. (21) од Куманово, вработен како обезбедување, на гостите им сугерирал да почекаат, по што истите го нападнале. Со спреј го испрскале во пределот на очите и лицето, почнале да го удираат и му ја скинале блузата од униформата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.