Тешко повреден работник по пад од објект
14.05.2016 13:49
| KumanovoNews
Работник паднал од скеле додека работел на градилиште.
Несреќата се случила вчера во 17.45 часот на ул.„Трета Македонска Ударна Бригада“, кога И.С.(25) година, од Куманово работејќи на објект изгубил рамнотежа и паднал. При тоа се здобил со повреди опасни по животот.
Како итен случај пренесен е во Ургентен центар -Скопје, Оддел за трауматологија.
Од Итна помош го пријавиле случајот во Кумановската полиција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на несреќата.