×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тодоров најави изградба на водовод во Пчиња

    01.12.2016 10:11 | KumanovoNews

    Носителот на изборната листа од втората изборна единица од Коалицијата „За подобра Македонија" Никола Тодоров и кандидатите за пратеници од оваа изборна листа, синоќа одржаа мини митинг во селото Пчиња, при што вети дека ќе изгради водовод и пат од Куманово до нивното село.

    Тодоров најави изградба на водовод во Пчиња

    Тој на жителите од Пчиња им ги презентираше проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на ова населено место, изградба на водовод и на пат од Куманово до Пчиња во вредност од околу 60-тина милиони денари. Тој побара поддршка од жителите на Пчиња, како што рече,како и секогаш од ова место, да се соберат и да прослават десетта по ред голема победа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“

    Тодоров рече дека тие ветуваат и работат согласно реалната програма, која, како што рече, за разлика од другата политичка опција, како гаранција го има отчетот. Тодоров потенцира дека е намалена невработеноста од 38,8 на 24 проценти, отворени се над 160.000 нови работни места, направени се нови патишта, инвестиции во здравство, образование, изградени се нови градинки, воведени се бесплатни учебници, намалена е партиципацијата.

    Пред жителите на Пчиња се обратија и кандидатите за пратеници.