Трае повикот за купување дрво од „Македонски шуми“
Трае повикот на јавното претпријатие „Македонски шуми“ за купување на огревно и техничко дрво за следната грејна сезона.

Граѓаните можат да аплицираат до 31-ви март и да направат договор за плаќање во готово или на рати. По истекот на рокот нема да примаат апликации.
„За плаќање во готово обезбедуваме попуст од 10 отсто, а за оние кои сакаат плаќањето да платат одложено можат тоа да го сторат на 6 рати. Испораката на дрвата се врши по исплата на последната рата“, - изјави директорот Ваит Саити.
Цената на дабот чини 2.450 денари, а буката - 2.370 денари и нема да се менува. На тоа се додаваат и 150 денари од метар кубен за испорака.
За ранливите категории предвиден е попуст од 10 отсто доколку дрвото се плати во готовина. Можноста за купување на рати пак е проширена на осум месеци, а испораката за овие категории е бесплатна.