×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тракторист нападнат на протестниот марш во Куманово

    21.03.2017 21:32 | KumanovoNews

    Едно лице е повредено во инцидентот што вечерва околу 20 часот се случил по завршување на маршот „За заедничка Македонија„ во центарот на Куманово.

    Тракторист нападнат на протестниот марш во Куманово

    Според информации на луѓето кои учествувале на протестот, инцидентот го предизвикал претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски, додека излегувал од зградата на Комитет, каде се наоѓа партиското седиште и налетал на колоната трактори кои биле паркирани на улицата. Тој наводно во алкохолизирана состојба почнал да вика и да ги навредува трактористите, по што со еден од нив и физички се пресметал.

    „Ми се нафрли и почна да удира со тупаници во шофершајбната и навикнуваше:„Што бараш ти сељак со трактор во град„. Јас ја отворив вратата и турнав со врата а тој се нафрли на човекот зад мене додека беше во трактор во движење, го фати за рамо го влечеше и го удираше едно 4-5 пати во тил во главата“,- изјави Раде Цветковски, учесник во маршот.

    На лице место излегла полицијата и ги привела Костовски, додека повредениот бил префрлен во болница.  Од СДСМ најавија дека утре ќе излезат со официјална изјава.