×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Турнир во пинг-понг во чест на празникот на градот

    07.11.2015 10:46 | KumanovoNews

    Во Гимназијата “Гоце Делчев“ денеска се одржува турнир во пинг-понг во чест на 11 Ноември-Денот на ослободувањето на Куманово.

    Турнир во пинг-понг во чест на празникот на градот

    На турнирот организиран од пинг-понг клуб „Куманово“, Општински сојуз на спортови и локалната самоуправа учествуваат пинг-понгари од повеќе градови од Македонија.

    По шести пат се организира меѓународниот турнир во пинг-понг “Куманово 2015“. Учесници имаме речиси од цела Македонија, од Битола, Крива Паланка, Кочани, Скопје, Куманово, гости од Пожега, Република Србија. Ќе се игра во категорија на кадети и кадетки и ветерани. За сите првопласирани ќе има медали, пехари, дипломи - изјави Мики Трендафиловски, тренер во пинг-понг клуб “Куманово“.

    Од клубот “Крива Паланка“ од истоимениот град  учествуваат шест пинг-понгари. Нивниот тренер Виорел Уце вели дека најважно е  децата да стекнат искуство затоа што некои од нив прв пат се натпреваруваат.

    Блиску е па решивме да ги доведеме. Секоја чест за градот, убаво е што се организира турнир во пинг-понг преку година - вели Уце.

    Кумановската пинг-понгарка Ива Димитриевска која досега има многу успеси во овој спорт, вели дека подолго време се подготвувала за турнирот.

    Пола година се подготвував и попладне ќе се натпреварувам. Пет години се занимавам со пинг-понг и имам добри резултати - рече 14 годишната Димитриевска.

    Овој турнир е дел од низата манифестации кои се организираат по повод 11 Ноември-празникот на градот.