Турнир во шах по повод Денот на полицијата
06.05.2016 09:10
| KumanovoNews
По повод Денот на безбедноста, СВР Куманово организира турнир во шах.
На турнирот учествуваат екипи од полицијата, АРМ, Здружението на ветерани, Дирекцијата за управување со кризи и Противпожарната единица.
Како и секоја година СВР Куманово и Отсекот за превенција организира турнир во шах, по повод 7-ми Мај, Денот на македонската полиција.Поканети се повеќе институции и здруженија од градот. Нека победи најдобрата екипа, вели“ - Горан Маневски, од отсекот за превенција при СВР Куманово.
По повод празникот ќе се организира прием за вработените во СВР Куманово.