×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците од „Крсте Мисирков“ садеа дрвца

    02.12.2015 11:59 | KumanovoNews

    Учениците од основното училиште „Крсте Мисирков“ денеска садеа дрвца во училишниот двор, со што се вклучија во акцијата “Ден на дрвото“.

    Учениците од „Крсте Мисирков“ садеа дрвца

    Засадени се десетина зимзелени и листопадни дрвца кои ќе го украсат дворот на училиштето.

    Секое одделение има еко тим, потоа нашето училиште има еко тим од наставници и други вработени. Ја поврзуваме наставата со екологија. Целосно сме посветени да ја развиеме еколошката свест на учениците. Наставата ја поврзуваме со настани кои се адекватни за екологија. Ова ни е  петта еко активност. Одбележавме Ден без автомобили, Ден на пешаци, Ден на храна и Македонија без отпад каде бевме многу масовни и добивме благодарница од Британската амбасада - вели Сузана Денковска, педагог во училиштето.

    Ученичката Анастасија  Трајковска кажа дека учениците во групи од по десетина засадуваа дрвца и собираа смет.

    Слични активности имаше и во другите училишта во градот.