×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученички саем на иновации

    25.04.2016 14:31 | KumanovoNews

     Учениците од основното училиште „Браќа Миладиновци“, денеска организираа продажен саем, како дел од активностите по практичната настава по предметот иновации.

    Ученички саем на иновации

    На неколку штандови пред училиштето, граѓаните можеа да купат рачно изработени предмети од хартија, пластика, дрво, како и свежи цвеќиња.

    „Учениците се организатори, произведувачи и продавачи на саемот за да видат колку теоријата можат да ја применат во практична настава. Целта на проектот е учениците да бидат истражувачи на пазарот, да имаат директна комуникација со купувачите и да ја одредат цената на производот.Така ќе знаат со што сакаат понатаму да се занимаваат, дали ќе бидат предприемачи или ќе се занимаваат со маркетинг и сами ќе ги презентираат своите производи, - вели професорката по иновации Даниела Божиновска.

    Учениците одлучиле парите што ќе ги соберат од продажбата да ги донираат во хуманитарни цели.

    „Овој саем произлезе од севкупната работа по предметот иновации. На некој начин вежбаме како да бидеме предприемачи. Од парите што ќе ги собереме денеска сакаме да купиме храна и да ја однесеме на сиромашните деца, - вели Ивана Трпеска, ученичка во 9 одделение.

    Вакви активности деновиве ќе се одржат и во основните училиште „11 Октомври„ и „Христијан Карпош“.