Учење преку воннаставни активности во „Перо Наков„
Средно општинско училиште “Перо Наков” заедно со уште три училишта од Литванија, Романија и Полска го започнаа проектот “Учење преку воннаставни активности”.

Овој проект е дел од Еразмус + програмата и е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Нашето училиште е партнер во проектот каде што главен координатор е училиштето од Литванија. Во самиот проект предвидени се два состаноци и четири обуки во различни партнер- училишта во период од 23 месеци. Нашето училиште ја имаше таа чест да биде прв домаќин на првиот работен состанок со партнер училиштата, а средбите се остварија од 29. ноември и 1. декември 12. На овие средби беше направена презентација на секое партнер училиште, се избра логото за проектот, се анализираа резултатите од спроведените прашалници со кои беа анкетирани ученици, родители и наставници од секое партнер училиште, - вели координатор на проектот Бојана Ивановска Димитриевска, помошник директор во СОУ “Перо Наков”.
Во проектот ќе земат учество 4 наставници и 9 ученика од „Перо Наков„. Следната средба ќе биде во март во училиштето во Литванија. Во меѓувреме, во секое од училиштата ќе се врши селекција и избор на ученици, ќе се изработува веб и фејсбук страна за проектот, а ќе се организира и интегриран час по македонски и англиски јазик воннастава и интегриран час по уметност , историја и економска географија вон училиште.