×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштата добија греење наставата се одвива редовно

    02.02.2017 10:27 | KumanovoNews

    Четирите основни училишта, кои вчера останаа без греење поради недосток на нафта, од утринава работат во затоплени прострии и наставата се одвива редовно.

    Училиштата добија греење наставата се одвива редовно

    Како што информираат од Секторот за образование во Општина Куманово, вчера се набавени 7 тони нафта, која е распределена во училиштата и системите за греење се активирани од утринава.

    „Денеска очекуваме нови количини на нафта, кои ќе бидат распоредени во останатите училишта за да не ни се појави истиот проблем. Се надеваме дека успешно ќе ги покриеме уште овие неколку дена, а во втроник го потпишуваме договорот со новоизбраната фирма за доставување на гориво и повеќе нема да имаме проблеми, - изјави Жико Крстевски раководител на секторот.

    Без затоплување вечера останаа основните училишта „Христијан Карпош“, „Бајрам Шабани“, „Вук Караџиќ“ и “Наим Фрашери„, па наставата се одвиваше со скратени часови.

    Училиштата останаа без нафта затоа што завршил договорот со старата фирма, па потребно е време и жалбен рок за да отпочне соработката со новата фирма. Родителите и вработените во училиштата беа револтирани од ваквата состојба и побараа надлежните во општината  навремено да си ги извршуваат обврските.