×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УЈП: Граѓаните да не чекаат последен рок за поднесување Годишни пријави

    15.02.2017 18:30 | KumanovoNews

    Од УЈП апелираат до граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот, 15. март за да поднесат Годишна даночна пријава, за да се избегне метежот на даночните шалтери.

    УЈП: Граѓаните да не чекаат последен рок за поднесување Годишни пријави

    Имено, заклучно со 13.02.2017 година, 51.616 граѓани ја исполнија својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350 илјади даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи, - соопштуваат од УЈП.

    Граѓаните кои е со привремен престој во Скопје, даночната пријава може да ја поднесе во Контакт центарот на УЈП, на новата локација во зградата на Регионална дирекција Скопје (ул. „11 Октомври” бр. 27, 1000 Скопје).

    Годишната даночна пријава можете да ја поднесете и по пошта (во 1 примерок) на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП  или електронски.

    До 15. март се очекува над 400 илјади граѓани да поднесат Годишна даночна пријава во УЈП.