Украдени 15.000 евра од стан на кумановец
04.02.2017 12:32
| KumanovoNews
Кумановец останал без 900.000 денара и видео камера откако крадец влегол во неговиот дом.

Разбојништвото се случила вчера на ул.„Ѓорче Петров“, кога непознат сторител влегол во куќата кршејќи ја балконската врата.
Извршил пребарување во собата и пронашол и одзел сума на пари од околу 900.000 денари и видеокамера „Канон“.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.