Улогата на жената во безбедноста на заедницата
„Влијанието и улогата на жената во безбедноста на зедницата“ беше тема на работилницата што денеска ја организираше ОБСЕ и СВР Куманово.

На трибината учествуваа жени од повеќе реони и населби во градот кои дадоа свое видување за безбедноста во општината.
„Вклучување на жените во овие работилници е со цел и тие да дадат придонес во што подобро откривање и спречување на кривични дела, да посочат за прекршувања на јавниот ред и мир, и со сугестии да придонесат за подобрување на сообраќајот во Куманово, а со тоа и на вкупното живеење во локалната заедница,- изјави Марјан Павличек, од СВР Куманово.
Вакви трибини ќе се одржат во сите општини во североисточниот регион.