Управител го оштетил КЕН за 2 милиони денари
21.06.2016 13:38
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.С.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи права“.
Управителот со цел да избегне извршно решение од Основен суд Куманово, од кругот на фирмата „ИСКРА КЕН –Е.К.“ Куманово, дислоцирал на непозната локација шест товарни и приклучни возила, кои биле предмет на извршување. Со тоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.990.020 денари, а за истиот износ го оштетил С.С. спречувајќи го извршувањето на правото на сопственост на наведените возила.