×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешна акцијата за помош на детското одделение

    07.11.2016 12:54 | KumanovoNews

    Граѓаните на Куманово ја поддржаа акцијата на Жито Лукс  за помош на детскиот оддел од Општата болница Куманово.

    Успешна акцијата за помош на детското одделение

    Акцијата се одржа во сабота на градскиот плоштад, настапија Мартија и други дечиња, додека млади уметници изработуваа цртежи за болничките соби.

    „Првиот дел од донација покажа, а посетеноста на настанов уште повеќе ја потврди солидарноста на граѓаните на Куманово и нивната висока свесност за потребата од дополнителна помош за детското одделение во градската болница. Ова е дополнителна мотивација за нас како компанија да придонесеме и за идни вакви активности“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.

    Хуманитарната акција е дел од кампањата на Жито Лукс преку која од секој купен производ од оваа компанија на територијата на Куманово и околината, компанијата одвојува средства за обезбедување на што подобри услови за престој и заздравување во детските болнички оддели.