×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешна крводарителска акција организираа кумановските коледари

    26.01.2017 16:02 | KumanovoNews

    Педесет единици крв се собрани денеска на крводарителската акција што ја организираше здружението „Коледари„ во Куманово.

    Успешна крводарителска акција организираа кумановските коледари

    Акцијата се организира по 10 пат во чест на роденденот на музичката легенда Тоше Проески.

    Многу сме задоволни од одзивот на крводарители, бидејќи се собрани рекордни 50 единици крв. Акцијата има за цел да ја потикне хуманоста кај луѓето и да не го заборавиме денот кога е роден нашиот голем пејач Тоше Проески, - изјави Дарко Доневски, од клубот Коледари.

     Во акцијата се вклучија крводарители од АРМ, јавни претпријатија, невладини организации и граѓани. Акцијата се одржа во просториите на клубот „Коледари“ во населбата Карпош.