Утре дератизација на глувци во Куманово
05.07.2016 13:40
| KumanovoNews
Уништување на глувци со помош на хемиски средства, утре ќе се изврши на територијата на општина Куманово.

Третманот ќе се изврши со постваување на мамки во шахтите на постоечката канализациска мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Во случај третманот да не се изврши поради неповолните временски услови, ќе се одложува за наредниот ден.
Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамки на отворено да не го допираат.