Утре четвртo прскање против комарци во Куманово
Утре ќе прска против возрасната форма на комарци во Куманово.
Терестичката дезинсекција ќе се спроведе од полноќ до раните утрински часови. Ова ќе биде четврти ваков третман годинава.
„Со прскањето ќе бидат опфатени реката Кумановка до Кумановска Бања, Проевце, м.в. Бејтови ниви, Кејот на Кумановка, површините под бавчи од другата страна на реката по должината на булеварот „Октомвриска револуција“, на ул. „Никола Тесла“ и Градскиот парк, покрај реката во реонот на ООУ “Толи Зордумис”, во Диво Насеље, по текот на реката во с.Романовце, Градските гробишта, населбата Зелен рид, по должина на булеварот „Трета МУБ“ и „11 Октомври“, со посебен акцент на Општата болница – Куманово, низ централното градско подрачје, по текот на Серава и во населбата „Перо Чичо“ и на други локации“, соопшти Општина Куманово.
За третманот против комарци ќе се користи препаратот „Цитрол УЛВ“.
Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден кога ќе има услови за спроведување.