×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Утрински“ ќе отпушти дел од новинарите или ќе се затвори

    07.11.2016 16:48 | KumanovoNews

     Вработените во дневниот весник „Утрински весник" денеска од менаџментот на компанијата што го издава весникот, „Медиа принт Македонија", добиле ваков ултиматим - или 10 новинари да останат без работа или весникот од утре се затвора, пренесуваат скопските портали.

    „Утрински“ ќе отпушти дел од новинарите или ќе се затвори

    Причина за ова била тешката финансиска состојба во компанијата. Деновиве трите весника што ги издава МПМ, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“ се печатат во значително помали тиражи, а причината за тоа е немањето хартија за печатење и намалување на трошоците.

    Утрово, главната уредничка на „Утрински весник“, Соња Маџовска, била ставена пред свршен чин - за 24 часа да предаде список со имиња на 10 новинари за бркање, во спротивно весникот од среда би престанал да излегува.

    Според информации од МПМ, за ова биле известени сите уредници и претседатели на синдикалните организации. Тие биле информирани дека досегашните мерки не дале никакви резултати и дека сметките се блокирани.

    За овие случувања известени биле и Здружението на новинарите на Македонија и  Синдикатот на новинарите.