×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ваква сиромаштија нигде не смe виделe, пет дечиња се оставени на немилост во 21 век, велат од здружението „Подај рака, спаси живот“

    10.11.2022 15:04 | Сузана Николиќ

    „Пет малолетни дечиња се оставени на милост и немилост во 21 век. Државата треба под итно да интервенира и на ова семејство да му додели социјален стан. Сум видел сиромаштија, сум видел тешки услови во кој живеат многу наши сограѓани, но вакво нешто досега не сум видел“, вели Александар Горгиевски претседател на штипското здружението „Подај рака, спаси живот“, откако вчера го посетил седумчленото семејство Лазаревски во кумановското село Градиште.

    Ваква сиромаштија нигде не смe виделe, пет дечиња се оставени на немилост во 21 век, велат од здружението „Подај рака, спаси живот“

    Александар однел прехрамбени производи и фрижидер, но раскажува дека тие нема каде да го стават, бидејќи куќата во која живеат им се распаѓа. Од сите страни дупки и провев, а од чадот од стариот шпорет на дрва постои опасност сите ќе се задушат.

    „Ова е дефинитивно најзагрозената фамилија која сум ја посетил во животот да бидам искрен. Мора итно да се преземе нешто, бидејќи ако не се реагира од страна на надлежните ние не заслужуваме да имаме држава“, додава Александар.

     Тој ги информира граѓаните дека до денеска, за три дена соберени се 2.035 долари, а се надевам на уште поголем одзив кај хуманите луѓе. 

    „Доколку државата не реагира, ќе се погрижиме на оваа фамилија да им најдеме стан или куќа во Куманово. Киријата за најмалку две години ќе им ја платиме, за да можат да живеат достоинствено. Доколку државата им додели социјален стан, тогаш бела техника, мебел и се што е потребно за внатрешноста ние ќе се погрижиме да им обезбедиме со овие средства“, додава Александар, кој работи како пожарникар, но е голем хуманист и организатор на хуманитарни акции во државата.

    Тој им пишал на министерот Благоја Бочварски, градоначалникот Максим Димитриевски за состојбата со семејството и очекува нивна реакција.

    Семејството Лазаревски со пет деца,  живее во нехумани услови, во распадната куќа и без основни услови за живот во селото Градиште.

    Граѓаните кои сакаат да помогнат тоа можат да го сторат на сметката на мајката на децата:  Василка Лазаровска, село Градиште

    Халк Банка - денарска сметка 270700042551521 и девизна сметка Халк Банка К07270700043630452

     Помош на семјството однесе и Црвен крст Куманово, а понудија и многу луѓе во Куманово.