Вечер на руска поезија во Центарот за култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утревечер ќе се одржи вечер на руска поезија и музика, насловен „Шепотот на руските поети„.

„Шепот на руските поети„ е посветен на руската поезија, поточно на неповторливите Сергеј Александрович Есенин и Александар Сергеевич Пушкин. Стихови испишани во името на татковината и љубовта, вечните теми на овие двајца поети, ќе бидат донесени пред публиката, на македонски и руски јазик. Стиховите ќе ги интерпретираат Тина Трајковска, Благој Мишев и Оливера Трајковска, вљубеници во пишаниот збор. За музичкото интермецо ќе се погрижи Марко Митковски, на чиј репертоар ќе бидат познатите руски композиции: Коробейники, Катюша и Калинка„,- најавува организаторот.
Вечер на руска поезија ќе се одржи во малата сала со почеток во 19 часот.