Вечерва протест на “Шарена револуција“
02.06.2016 09:51
| KumanovoNews
Вечерва продолжува протестот на „Шарената револуција„ во Куманово.

Собирот ќе започне во 19 часот пред Основниот суд Куманово, а потоа ќе продолжи по кумановските улици. Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на протестот против аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов и смена на актуелната централна власт.
Најавено е дека на протестот ќе говори поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.