Величковиќ повторно началник на СВР Куманово
Величковиќ беше прв човек на кумановската полиција пред 9 месеци, па сменет кога се врати министерот Чавков.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера именувал нови 11 раководители на организациски единици во МВР, од кои седум во секторите за внатрешни работи и четири во МВР. Меѓу новоназначените е и Стојанче Величковиќ, началник во СВР Куманово.
- Тоа го направив врз основа на проценката моја и проценката на мојот тим со единствена задача до изборите МВР да функционира нормално, да се обезбедат услови за фер и демократски избори, да се остварат сите функции согласно Законот за внатрешни работи, да се сочува јавниот ред и мир, безбедноста на граѓаните и да не дозволиме МВР да биде алатка во рацете на која било од политичките партии, туку да биде во интерес на граѓаните и да создаде услови граѓаните слободно да донесат одлука за следните парламентарни избори,- изјави министерот Спасовски.
Величковиќ беше прв човек на кумановската полиција пред неколку месеци, па сменет кога за министер се врати Чавков. Тој доаѓа на местото на Моме Јакимовски.