×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Величковиќ:Сакаат да ме заплашат заради победата во Куманово

    14.12.2016 09:16 | KumanovoNews

    Началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ го обвини обвинителството и полицијата дека го местат и сакаат да го заплашат, како што вели, заради победата на опозицијата во Куманово.

    Величковиќ:Сакаат да ме заплашат заради победата во Куманово

    „Дојдоа да ме уапсат бандитите на Марко Зврлевски, а организирани од Митко Чавков.Влегоа со автоматски пушки, ми го преплашија семејството и почнаа да прават претрес во мојот дом. Ми фингираат списоци и сакаат да ме заплашат за победата во Куманово. Никој не најде забелешка за изборите во Куманово. Претураа по мојата чанта ми го проверуваа тефтерот и најдоа документи кои не се строго доверливи. Нека водат постапка доколку сум виновен ќе одговарам. Јас не сум началник на една политичка партија туку на сите граѓани„, - изјави Величковиќ, кој беше назначен за прв човек на СВР Куманово од министерот Оливер Спасовски.

     Неофицијално, причината поради која специјалци синоќа упаднаа во куќата на началникот се изборни нерегуларности, поткуп со огревно дрво на социјално загрозени семејства во изборната кампања.

      Откако се рашири веста дека ќе се апси началникот на полицијата неколку стотини граѓани и симпатизери на СДСМ се собраа пред неговата куќа подготвени да го спречат неговото приведување. Меѓу нив беше и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски кој смета дека власта сака да направи сценарио како од 2001 и 2015 година.

    „Да се заплашат граѓаните во оваа недефинирана состојба кога уште изборните резултати не се конечни. Сметам дека оваа е крајно дрско и безобразно што го прават, се создава  непотребна тензична состојба, која создава револт и бунт кај граѓаните. Се обраќам до сите граѓани да бидат мирни и воздржани„ – рече Дамјановски.

    Протестот заврши без инциденти околу 21 часот, откако Величковиќ излезе од куќата, се качи на полициското возило и насобраните граѓани ги замоли да дозволат специјалците да си заминат затоа што му ветиле дека нема да го приведат.